Доцна вечерва градоналачалничката на град Скопје Данела Арсовска, пак, ја осуди ваквата, како што стои во соопштението, герила акција на Ганиу, која ја оцени како притисок и обид да се пресмета со неа, по објавувањето изминативе денови, на негови наводни криминални зделки со дивоградбите.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во ново видео обраќање на нејзината официјална Фејсбук страница, остро го нападна градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, обвинувајќи го за сериозни нерегуларности и злоупотреби при легализација на дивоградби.
Во однос на сомненијата за објекти-дивоградби во Општина Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје утрово примило известување од СВР Скопје по кое веќе се постапува.
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со повеќе граѓани, синоќа наполниле камион со ѓубре и се упатиле кон објектот каде што е сместена администрацијата на Градот Скопјe.