Навистина е потценувачки и срамота, но мислам дека младите луѓе многу јасно ја направија разликата меѓу едните и помеѓу другите и веќе создаваме една клима во која, наједноставно – кога ќе ги пуштиме вестите на ТВ, веќе сме навикнати во оваа една година да гледаме наплив на вести од проекти, од мерки, од убави работи кои што и се случуваат на Македонија, наспроти оние кои ги имавме во минатите седум години од владеењето на СДСМ – само скандали, само задолжувања за кои не знаеме за што се работи, играње на фудбалчиња по канцеларии, само различни коруптивни зделки и договори во четири очи, потенцира пратеничката. Alfa