Со почеток во раните утрински часови со делумен прекин на водоснабдувањето се населените места Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1, поради поврзување на главниот магистрален водовод.ЈП Водовод и Канализација – Скопје соопштија дека работните актовности се очекува да завршат за помалку од 15 часа, во кои најмногу часови се одвојува за празнење и полнење на магистрален цевковод.-Во сабота (31 мај) со отпочнување во 00:00 часот, планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, за која цел е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат.