„Да го промениме начинот на кој размислуваме за јавната администрација – од трошок во ресурс, од бирократија во сервис, од формалност во функционалност.“ Министерството за јавна администрација, како што посочи Минчев, останува отворен и активен партнер во креирањето на поефикасни и отчетни институции, нагласувајќи дека со партнерство, стручност и визија, Македонија може и мора подобро. Tocka