Податоците покажуваат дека средната возраст се зголемила за 5,4 години или од 39,3 години во 2004 година на 44,7 години во 2024 година (на 1 јануари). Додека Европа се подготвува за редовниот декаден циклус на попис на населението следната година, Македонија и Босна и Херцеговина се двете европски држави кои сè уште го немаат утврде Меѓу земјите на ЕУ, највисока средна возраст на 1 јануари 2024 година е забележана во Италија (48,7 години), по што следат Бугарија и Португалија (секоја по 47,1) и Грција (46,9), додека најниските се забележани во Ирска (39,4), Луксембург (39,7), Малта (39,8) и Кипар (40,6 години). Во периодот од 2004 до 2024 година, средната возраст најмногу се зголемила во Романија (8,4 години) и Португалија (8,3 години), а најмалку во Шведска (1,1) и Луксембург (1,8). На 1 јануари 2024 година, средната возраст била 43,1 година за мажите и 46,3 години за жените. Alfa