Над 2.400 тркачи од 31 држава од светот денеска учествуваат на трките од пет и од 21 километар на деветтото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.
Заради безбедноста на тркачите и публиката ќе има времен режим на сообраќај од 7 часот и 45 минути до 11 часот и 15 минути ќе бидат затворени за сообраќај улиците: „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, патека Студенчишта и „Св. Наум Охридски“.