Поранешната советничка во Град Скопје од редовите на СДСМ, Софија Куновска, во гостување на „Само вистина“ на „Канал 5“ изјави дека нејзиното напуштање на партијата било поради тоа што „почнале процеси во коишто веќе не постоела идеологија“ и „бил присутен клиентелизам“ во партијата, што според неа, подоцна резултирало и со клиентелизам во владата.
Софија Куновска во своето гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија зборуваше за причините поради кои што ја напуштила политичката партија СДСМ, а се осврна и на фактот дека сите актуелни потпретседатели на СДСМ, па дури и претседателот, Венко Филипче, не исполнуваат услови да бидат дел од највисокото раководство на СДСМ.