Го кажувам ова како Австриец, како Словенец, како Унгарец, како граѓанин на Европската Унија, вели Вајц во пресрет на гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот парламент.Тој, претходно во интервју за „360 степени“ кажа дека неговиот нацрт-извештај за Македонија има неколку упатувања на признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за што е напаѓан од бугарските европратеници, но оти според него, „нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски“.-Во нацрт-документот, таков како што е сега, има неколку референци за признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Vecer