„Она во минатото што го зборував, денеска го практикувам, а тоа е во земјоделството да се превенираат ситуациите, да се затворат отворените прашања и да се решаваат сите спорни моменти кои што се појавиле”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во своето интервју за „Бразди” на Канал 5 телевизија. 24info
Тој додаде дека и во делот на тутунот исто така се работи на измена, иако до започнување на откупот на тутун има уште 6-7 месеци.
Во делот на жетвата која што за месец и половина од сега ќе се случи, согласно ветувањето за стоковните резерви, мојата замисла е да се полнат со сопствено производство. Alfa
Раскинати се договорите, земјиштето е ослободено.
Се работеше изминативе месеци и на ослободување од корисничкото право и веќе во наредниов период можеме да го ставиме и тоа во функција каде што сите земјоделци ќе имаат можност да аплицираат. Alfa