И по усогласувањето на законот за Инспекторат за употреба на јазици со Законот за организација и работа на органите на државната управа што веќе еден месец се наоѓа во собраниска процедура ќе им се овозможи на вработените да земаат плата.
Бидејќи ова е прашање поврзано со Бадентер, очекуваме сите политички партии во Собранието да постапат рационално и конструктивно, без блокади и без обиди за политичка злоупотреба на ова прашање, кое директно ја засега егзистенцијата на семејствата на вработените во Инспекторатот, рече премиерот. Republika
Како резултат на конструктивниот дијалог и заложбата за институционална функционалност, донесена е одлука Инспекторатот за употреба на јазиците да премине под надлежност на Министерството за правда – соопшти премиерот Мицкоски.
Дополнително, се очекува наскоро да се усогласи Законот за Инспекторат за употреба на јазиците со Законот за организација и работа на органите на државната управа. 4news
Владата донесе одлука Инспекторатот за употреба на јазиците да премине под надлежност на Министерството за правда, со цел да се овозможи редовна исплата на платите на вработените, кои веќе пет месеци не добиваат личен доход. Lokalno