Фокус на средбата беше поддршката на Македонија преку европските фондови и во тој контекст, потребите и капацитетите на општината за поголемо искористување на овие средства со цел реализација на проекти од интерес за граѓаните.
На средбата беа разменети мислења во однос на можностите преку поддршката од ИПА и ИПАРД програмите, при што заменик-министерката за европски прашања, Трајков нагласи дека Министерството за европски прашања е отворено за помош на општината и на дообучување на кадарот за поголема искористеност на средствата од европските фондови. Alfa
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска е во работна посета на општина Илинден, каде ќе се сретне со градоначалникот на општината, Александар Георгиевски. Alfa