Мицкоски рече дека има позитивни очекувања и дека очекува Македонија да биде меѓу првите земји во светот што ќе добијат договор за слободна трговија со САД.
Досегашната, исклучителна соработка со администрацијата на претседателот Трамп и очекувањата за во иднина. Kurir
Премиерот Христијан Мицкоски по средбите на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и официјални лица, во Вашингтон изјави дека впечатоците се исклучително високи, одговарајќи на новинарски прашања, за можен договор за слободна трговија, денеска на настан за одбележување 80 години од државен завод за статистика во Скопје. Kanal5
Вели дека средбата траела 45 минути и дека Муцунски со тоа е седмиот министер од Европа којшто билатерално бил примен од државниот секретар Рубио.
Македонија меѓу првите држави со можност за договор за слободна трговија со САДМоите очекувања се позитивни, очекувам да бидеме меѓу првите земји во светот што ќе добиеме договор за слободна трговија со САД, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на стредбата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и државниот секретар на САД Марко Рубио. Lider