Исто така, се истакнува дека сменоводителот во МВР, Драган Казак Петрушев, за кого постојат индиции дека учествувал во затворањето на вратите на дискотеката спротивно на процедурите, не е опфатен со истрагата.СДСМ ја поставува и дилемата дали Петрушев е заштитен поради политичката припадност кон ВМРО-ДПМНЕ, како и дали Дејан Салтировски, началник на СВР Штип, кој е поврзан со сомнежи за фалсификати во документацијата и кумовски врски со блиски луѓе на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е недопирлив.„Родителите кои ги загубија своите деца заслужуваат правда и одговорност, а не политичка заштита на виновниците“, се наведува во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ. Puls24