Ова е нешто кое беше договорено на една од последна одржаните седници на економско социјалниот совет да прагот на репрезентативот биде намален од 10 на 5% со што ќе се демократизира синдикалното претставување на економско социјалниот совет и на тој начин сакаме да постигнеме две нешта, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во гостување во емисијата „Отворено“ на телевизија 24. Стојаноски посочи дека на ваков начин многу повеќе работници ќе се претставувани на економско социјалниот совет.
Претседателот на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Бојан Стојаноски, оствари средба со претставници на неколку синдикални организации, со кои разговараше за Предлогот на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, со чие донесување, како што беше речено, се очекува да се демократизира процесот на синдикално застапување на работниците.