Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва најави дека на почетокот од следната седмица ќе биде формирано Координативно тело за реализација на Договорот со Велика Британија за партнерство за остварување на инфраструктурни проекти. Fokus
Веќе наредниот вторник ќе имаме формирано Координативно тело за реализација на Договорот со Велика Британија.
Министерството за финансии ќе започне процес за обезбедување на финансии и уверуваме дека ќе ја избереме најповолната опција за финансирање на проектите, истакна вицепремиерот Николоски во вечерашното интервју во Топ Тема. Denesen
Во Штип ќе се заврши изградбата на Клиничката болница, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом, истакна во вечерашното гостување во "Топ Тема" вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за намената на парите од британскиот заем. Press24
Уверуваме дека ќе имаме најдолга рочност за враќање, најголем грејс период и најдобра камата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во однос на условите за заемот од Велика Британија. Libertas
Србија сега гради автопат Белград-Сараево со каматна стапка 3,5 отсто.
Ние ќе имаме доста пониска – вели Николоски во гостувањето во “Топ Тема” на ТВ Телма. Novamakedonija
Александар Николоски, вицепремиер на Владата и министер за транспорт и врски, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма говореше за Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Denesen