Advertisement - Под мотото „Градење отпорност во свет што се менува“, денеска во Скопје се одржа регионалната ESG конференција посветена на стандардите за животна средина, општествени прашања и корпоративно управување (ESG), организирана од Американските стопански комори (АмЧам) од Северна Македонија и Србија, во соработка со АмЧам Албанија и Косово, а со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и кофинансирање од Европската унија.
Со оваа конференција, АмЧам заедницата од четирите земји ја поставува основата за понатамошна регионална соработка во областа на ESG и придонесува кон зајакнување на долгорочната конкурентност на Западен Балкан, преку споделување добри практики и заеднички пристапи кон одржливото управување.- Advertisement - Настанот беше отворен од Живко Мукаетов, член на Управниот одбор на АмЧам Северна Македонија, и Фатих Туркменоглу, шеф на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, кои го нагласија значењето на ESG-пристапот за градење долгорочна корпоративна отпорност.