Се поизвесно е дека струјата нема да поскапи.
Од ЕВН Хоме како Универзален снабдувач, информираат дека на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот од јули до декември 2025 добила најповолна понуда од АД ЕСМ со купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Alfa
„Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.
Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“, се истакнува во соопштението. Press24
Цената на струјата останува стабилна со последната понуда од страна на државните електрани ЕСМ од 62 евра за мегават час, но во есенскиот период се очекува нова анализа и евентуални промени.
Ова е поради можното намалување на државната поддршка условено со Планот за раст на ЕУ, односно ЕСМ наместо 85% да и продава на ЕВН 70% од потребната количина електрична енергија. Pari