Интегрален текст од говорот на Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на конференцијата на УМС: Почитуван претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и претседател на Владата на Република Македонија, професор доктор Христијан Мицкоски Почитувани членови на Извршниот и централниот комитет на партијата и УМС, почитувани членови, гости, пријатели, Браќа и сестри, Добар ден и добредојдовте на 34-та годишна конференција на најмоќниот политички подмладок во Македонија – младината која е носител на промените, на македонската гордост и непокор, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ!
Денес овде, заедно со сите вас, се чувсвувам гордо бидејќи знам дека сите ние заеднички докажавме дека со решителност, храброст и истрајност, не постои сила која може да не сопре да стигнеме до целта, а тоа е Македонија повторно да е наша, на македонската младина, на секој еден од вас, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на 34-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.„Денес не само што го славиме нашето постоење, туку и ја потврдуваме нашата мисија.