На управителот на бугарски фирми, во слободно време претседател на СДСM, Венко Филипче во прв план му е бизнисот во Бугарија, обвини Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека Филипче и денес, една година откако стана лидер на СДСМ раководи со бугарската фирма Пауер Ај 8. Според Петрушевски, фирмата е 100% во сопственост на лидерот на СДСМ.„Венко Филипче оваа фирма во Бугарија ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр.12, адреса која ја дели со многу фирми на Заеви.