Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани.
Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава, Владата останува посветена на тоа никој да не биде оставен сам.
Повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства од понеделник на директна телефонска линија – 070 355 526 што ја отвора Владата ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби.
Не само медицинска и физиотерапевтска нега, туку и психолошка, како и социјална поддршка ќе добијат повредените од трагедијата во Кочани на кои со владина одлука ќе им биде овозможено да се рехабилитираат во одморалиштето „Пониква“.