Сосема извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат и дека има шанси СДСМ да остане и без ниту една освоена општина.
Премиерот Христијан Мицкоски на 34-тата годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ порача дека сосема е извесна победата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и дека има шанси СДСМ да остане и без една освоена општина.
Сериозно загрижува нервозата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој од прославата на младинската организација на неговата партија, на висок тон, видно гневен продолжи да ги навредува луѓето и родителите кои секоја сабота мирно маршираат во Кочани барајќи правда за своите деца и помош за повредените, велат во соопштение од СДСМ.
Историски говор одржа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 34-тата Конференција на УМС „34 години постоиме за младите“.Тој се осврна на криминалот и корупцијата на СДСМ и ДУИ, испрати политички пораки до опозицијата дека нереформирани не се и нема во скоро време да бидат избор на македонските граѓани.