„Осовено важна поента е што текстот на Одлуката на највисокиот орган во Бугариј потврдува дека нашата земја нема услови надвор од елементите на европскиот консензус“, нагласува Георгиев.
Истите ставови ги изнесе и заменичката министерка за надворешни работи Елена Шекерлетова, на осстанок официјално и ја предаде Одлуката на Народното собрание од 30 мај на амбасадорката на Македонија во Софија, Агнеса Руси Поповска, и ја запозна со текстот. Mk
Георгиев изјавил дека со овој акт повторно се потврдува непоколебливата позиција на Бугарија за категорична заложба кон Европскиот консензус од јули 2022 година и се упатува охрабрувачки повик до владата во Скопје за исполнување на постигнатите договори.
Особено важен момент е што со текстот на Одлуката на највисокиот орган во бугарската држава се потврдува дека Софија нема услови надвор од елементите на Европскиот консензус, истакна уште министерот Георгиев и додаде дека тоа е јасен сигнал за конструктивниот пристап на Бугарија. Zoom
Истите позиции ги претстави и заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Елена Шекерлетова, која на средба со амбасадорката на РСМ Агнеза Руси Поповска официјално ја врачи Одлуката на Народното собрание од 30 мај, соопшти МНР на Бугарија.
Шекерлетова нагласи дека овој акт ја демонстрира широката согласност што постои во Бугарија во однос на европскиот пат на соседната држава. Zoom