Во истата резолуција ќе видите недоволно јасно дефинирање на тоа што е Хамас.
На пример за мене нема никаква дилема дека Хамас е терористичка организација, којашто изврши убиство на територија на Израел, но кога нема јасно дефинирање за дејствијата на Хамас, за организацијата, што правела, не можеме да застанеме позади една таква резолуција – рече Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање денеска на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега, Петер Сијарто во врска со Резолуцијата за прекин на огнот во Газа, која беше усвоена со 149 гласови, 12 држави гласа против, а 19 беа воздржани. Novamakedonija
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска истакна дека македонската надворешна политика е секогаш за мир во однос на сите конфликти во светот, а за резолуцијата за прекин на огнот во Газа во Генералното собрание на Обединетите нации земјава гласала воздржано, поради одредени недоречености во самиот текст, кои, како што посочи не соодвестуваат со основните принципи на меѓународното право и, пред се, во неа не се дефинира што всушност претставува Хамас. Kanal5
Но, кога ќе видите една таква резолуција, таа има своја содржина и во однос на содржината на каква било резолуција ние поставуваме наш политички став.
Во неа ќе видите аргументи, кои се спротивставени со основните принципи на меѓународното јавно право, истакна Муцунски. Libertas