НасловнаБалканЗаев до Ципрас: Со Преспанскиот договор поставивме позитивен пример на Балканот, Европа и светот You cannot print contents of this website.
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас по повод седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој беше решен деценискиот спор за името помеѓу Македонија и Грција.„Драг Алексис, во време на војни и хаотичен свет, сè повеќе се радувам што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји — Северна Македонија и Грција, но и да оставиме исклучително позитивна трага на Балканот, во Европа и светот, дека и најтешките прашања меѓу држави можат да се решат по дипломатски пат,“ напиша Заев во пораката.
Седум години од Преспанскиот договор како симбол на дипломатско решениеПоминати се седум години од Преспанскиот договор, историскиот документ со кој се реши долгогодишниот спор за името помеѓу Северна Македонија и Грција.
На седумгодишнината од Договорот од Преспа се потсетуваме на изјавата на тогашниот премиер на Грција Алексис Ципрас дека во вистинско време го потпишале договорот бидејќи работите во регионот и во светот не оделе во корист на Грција и оти ако почекале ќе морале да ја пуштат Македонија во НАТО под уставното име или со привремената референца.