Мобилни царински тимови на влез во државава на граничниот премин Богородица, во багажникот на автомобил открија 238 разни производи (штитници за колена, делови за автомобили, депилатори, играчки, организери за шминки, пили со ланец, соларни рефлектори, алат и друго). 5.000 пластични делови за прозорци се пронајдени во две картонски кутии сместени на горниот кревет во кабината на камион со албански регистарски таблички, управуван од албански државјанин кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Mk