За време на работната посета на Република Албанија, каде што учествуваше на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонското национално малцинство во оваа земја.
„Кој би бил проблемот да го правите она што сите држави го прават во однос на националните малцинства во поглед на издавањето на државјанства, да отворите повеќе гранични премини, кој е проблемот на пасошите на кои им е истечен рокот да им го продолжите, кој е проблемот како држава да интервенирате во доделувањето пасоши на луѓе кои имаат потреба“.
„Колку сме поединствени, толку ќе бидеме поотпорни на било какви предизвици.
Ние сакаме час поскоро се што стои во тие документи да се запази.