Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави денеска на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска.
Фото: Фејсбук/ Гордана Димитриеска-Кочоска Фискалната консолидација, подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност остануваат основни цели на фискалната политика за периодот 2026-2030 година, кои како основни насоки се содржани во Фискалната стратегија 2026-2030 година, подготвена од Министерството за финансии и којашто денеска е усвоена во Собранието.
Собранието на Северна Македонија денес го одобри Предлог-одлуката за прераспределба на средствата меѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедуваат дополнителни 600 милиони денари средства за инвестициски проекти, соопшти Министерството за финансии.
Со прераспределба на буџетски средства, Владата го насочува фокусот кон локален развој и социјална поддршкаСобранието денеска ја усвои одлуката за прераспределба на буџетски средства во рамки на Буџетот за 2025 година, со која се одвојуваат дополнителни 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти што ќе ги реализираат општините.