Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа како тече изградбата на автопатиштата во државата и до каде е патот Прилеп-Битола, изјави: „Што се однесува до автопатот Прилеп-Битола, можам да кажам дека до крајот на овој месец повеќе од 85% од трасата ќе биде, од аспект на имотно-правни односи, завршена и од аспект на истраги коишто се поврзани со пронаоѓање на експлозивни направи, исто така испитана и завршена, но она коешто за мене е важно, е дека се следи тој рок, се забрза, за разлика од состојбата од пред една година кога беше до никаде, сега можам да кажам дека веќе, последното коешто го разговаравме со изведувачите е дека дваесетина километри фронт е отворен и се работи.
Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.