Претседателот на САД, Доналд Трамп објави повеќе пораки на социјалните мрежи за Иран, а во една бара „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ“.
Фото: Принтскрин Американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници денеска објави дека претседателот Доналд Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која побара „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!“.Во претходните објави, Трамп изјави дека САД сега имаат „целосна контрола врз небото над Иран“ и тврдеше дека знае каде се наоѓа врховниот лидер Али Хамнеи.„Нема да го убиеме, барем не засега“, напиша Трамп, сугерирајќи дека целта е позната, но дека во моментов не планира напад врз иранскиот лидер.
Не се залагаме за прекин на огнот, туку за нешто подобро од прекин на огнот, изјави Трамп пред новинарите откако се врати во САД од самитот на Г7 во Канада.