Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, беше изгласана со 68 гласа „за“, четири „против“ и без воздржани, претходно доби поддршка и од матичната Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Средствата со одлуката се обезбедени со кратење од Потпрограма Д5 на Владата – Привлекување на странски директни инвестиции и развој на слободната економска зона, каде Ставката 464 – Разни трансфери се намалува за 585.601.000 денари и од Потпрограма 60 на Министерството за економија и труд – Развој на политики од областа на трудово право, социјална заштита и вработување, Ставката 464 – Разни трансфери за 242.264.000 денари. Fokus
Пред да биде изгласан дневниот ред, пратениците двапати беа на пауза од по еден час, на барање на пратениците Сашко Јанчев од Левица и Арбана Пашоли, заменик-координатор на ПГ на Европски фронт.
Јанчев побара пауза затоа што генералниот секретар на Собранието се уште не одговорил на барањето на пратеничката Јована Мојсоска од Левица за добивање информација за висината на патните трошоци и станарината што им е платена на некои пратеници. Republika