Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи соопшти дека во Општата болница во Кочани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити) се третирани 10 лица повредени во пожарот во Кочани. Republika
Очекуваме во следниов период да дојде експерт за ампутации од Словенија за да се погледнат опциите за третман на повредените кои имаат ампутации на прсти.
Ова денеска го соопшти на прес-конференцијата во Влада, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, зборувајќи за најновите информации во врска со повредените во пожарот во кочанската дискотека. Kurir
Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета.
Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Kurir
„Заминувањето на Пониква, е на доброволна основа.
Физикалната терапија и другите терапии ќе си бидат достапни во болницата во Кочани. Alfa
Дополнително на тоа, за да излеземе во пресрет на потребите на повредените, одобривме контролни прегледи во Пирогов за пациенти, повредените, кои сакаат да бидат контролирани во Пирогов.
Во моментов, тоа се шестмина повредени лица. Republika
Во мометков ние се реструктуиравме сите овие услуги да бидат достапни во општата болница во Кочани.
Почетен план беше овие услуги да се даваат во трите болници во Скопје, но по барање на повредените првин физикалната терапија се пренесе во Кочани, од пред два дена има интервенции на терапијата плазма збогатена со тромбоцити коплетно ќе се одвива Кочани, и пулмолошките прегледи, спирометрија и гасните анализи ќе се одвива во општата болница во Кочани, потенцира Клековски. Alfa