Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец.
Во известувањето до УО на М-НАВ, како што денеска информираа за МИА од Синдикатот, се наведува дека состојбата во М-НАВ е влошена, како резултат на сериозно нарушени меѓучовечки односи, блокирани процеси за јавни набавки, неуспешна транзиција на нови технички системи, прекршување на одредби од Колективниот договор, тајни и неосновани измени во систематизацијата, отворање несуштински работни позиции и прераспоредувања без запазување на актите на друштвото до раководството, како и непочитување на точки од Спогодбата помеѓу М-НАВ и ССКЛ од 13.07.2023 која беше основа за ставање на штрајкот во мирување. Skopjeinfo
Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ во известување до раководството на М-НАВ бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.
Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец. Sitel
Повторно вриее во М-НАВ, нарушени се меѓучовечките односи, блокирани се процесите за јавни набавки, има тајни измени во систематизацијата со отворање несуштински работни позиции.
Синдикатот на контролори на летање е незадоволен и од огласот за нови вработувања и ССКЛМ го известил раководството на М-НАВ дека бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Skopje1