Коалицијата ВРЕДИ синоќа во Скопје го отвори Централниот штаб за локалните избори во октомври, со кој ќе предводи Аднан Азизи.
Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, изјави дека се задоволни што албанската политичка сцена се дели на два блока и дека албанскиот глас нема да биде распарчен.„Тие велат дека на албанската политичка сцена сме ги принудиле и другите да се претворат во два блока, за да не се изгорат албанските гласови, туку дека има натпревар на платформи, програма, во идеи и од атмосферата се гледа овде со изборот на Штабот предводен од Аднан Азизи и членовите на Претседателството на Штабот“, рече Изет Меџити, ВРЕДИ.