Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 33 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Mk
Земјотресот е забележан веднаш по полноќ, во 00 часот и 33 минути, со епицентар во пограничното подрачје со Република Албанија, во јужниот дел на Охридско Езеро, на околу 120 километри југозападно од Скопје.
Според податоците од опсерваторијата, локалната магнитуда на земјотресот била 2,4 според Рихтеровата скала. Meta