Поминаа веќе неколку дена од насилниот инцидент во Општина Кочани, каде што советник од советничката група на СДСМ со стаклено шише повреди вработена.
Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.
СДС и Филипче продолжуваат да работат во интерес на нивниот вистински лидер Заев, откако кандидати за градоначалници станаа децата на Заев, кои во негово време беа трет и четврт ешалон во партијата.
Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски: „СДСМ влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори.