Министерот во своето гостување, се осврна и на својот домен во делот на дигитализација, каде што истакна дека се преземени сериозни чекори во оваа една година – Мислам дека доживуваме сериозни промени во поглед на дигитализацијата, 120 нови дигитални услуги и сите услуги од типот на потврда за неосудуваност, казнена, кривична и прекршочна евиденција се достапни на националниот портал, изводот од матична книга на родени исто така го имате електронски, уверението за државјанство е достапно електронски. Alfa