Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот. Libertas
Административното работење ќе се одвива во дигитална форма и тоа е голем чекор во образовниот систем и во работeњето на наставниците, кои всушност тоа и го чекаа од нас како нова владина гарнитура.
Ова можело да се сработи и досега, да се овозможи податоците електронски да се преземаат од е-дневникот, но не било сработено од претходните министри“, рече Јаневска. Republika