Реализирани се 11 проекти за 11 месеци на Клиниката за детски болести во Скопје, беше кажано на денешната презентација на завршените проектни активности, на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу, директорот на клиниката Реџеп Мемеди и директорот на ФЗО Сашо Клековски. Kanal5
Директорот Мемеди појасни дека се работи за значајни проекти, од кои дел се инфраструктурни и еден дел се набавка на современа медицинска апаратура, со кои значително ќе се унапредува квалитетот на здравствените услуги и ќе се подобри медицинска грижа за најмладите и најмалите пациенти.
Овие проекти всушност се решенија на многуте проблеми и недостатоци, кои ги утврдивме на почетокот на мандатот јули – август минатата година. Republika