Премиерот Христијан Мицкоски денеска писмото на бугарскиот претседател Румен Радев до раководителите на европските институции и на земјите-членки на ЕУ во однос на извештајот на известувачот за Македонија, Томас Вајц, кој вчера беше усвоен во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), како и изјавата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, дека ништо фатално не се случило вчера, ги оцени како изјави за домашна употреба. Denesen
Тоа што тие истите обвинуваат дека Русија прави во Украина со негирање на идентитетот на Украинците, јазикот, вчера одредени европарламентарци се обидоа да му го направат на овој малоуброен македонски народ, да креираат модерна македонска нација која што се служи со модерен македонски јазик.
Во прва фаза тоа не помина – изјави Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за писмото на Радев и изјавата на Борисов, по посетата на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Lider
Она што го обвинуваат дека Русија го прави во Украина, вчера се обидоа да го направат на македонскиот народ – изјави Мицкоски, истакнувајќи дека за него тоа не е мала победа, туку „големо разочарување“.
Мицкоски порача дека Македонија нема да прифати никакви промени на својот идентитет и јазик и ја повика Бугарија да ги почитува човековите права на македонската заедница на нејзина територија, вклучително и спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права во корист на организацијата ОМО Илинден Пирин. Skopje1
Тоа се изјави на бугарските политичари за домашна употреба.
И тоа е разбирливо. Plusinfo
Тој нагласи оти е убеден дека сме фронтранери во регионот и оти ако имаме шанса да почнеме преговори, тие би завршиле за три до четири години, но како Македонци, со македонски идентитет, македонски јазик, а не видоеизменети модерни Македонци, со модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик.
Импичмент нема да ги пополни браните или фрижидерите на луѓето, ниту ќе ги зголеми пензиите, туку најмногу ќе ги наполни плоштадите и ќе доведе до дефинитивен колапс на Владата, изјави бугарс Бугарскиот претседател Радев испратил писмо до раководителите на европските институции и на земјите-членки на ЕУ по усвоениот Извештајот од АФЕТ за напредокот на Македонија во процесот на европска интеграција. Plusinfo
Зајакнувањето на довербата во европските институции, особено во време на криза, е наша заедничка должност и сметам на вашата соработка за тоа, напиша Радев.
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент вчера со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. Denesen