Проблемот не бил во промената на Уставот туку нашиот идентитет, суштината на овој народ, македонскиот јазик, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во интервју на Македонската телевизија коментирајќи го она што денеска се случуваше на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) и бугарскиот предлог амандман во Извештајот за нашата земја.
Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за емисијата „Објектив“ на МРТВ изјави дека не сака да коментира за истрагата за трагедијата во Кочани за да не влијае на неа, но нагласи дека нема да престане да ја критикува работата на судиите и обвинителите, бидејќи, како што рече, не е задоволен од начинот на кој се спроведува правдата.„Не би дал никаква квалификација за тоа колку сум или не сум задоволен во моментов, од едноставна причина што секоја моја квалификација би можела да се сфати како влијание.
Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од најважните императиви за стабилна, праведна и европска држава.
Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија.