И покрај тоа што Кривичниот суд јасно го ослободи Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, од каква било вина и поврзаност со нејзината смрт, двајца носители на јавни функции – поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник Оливер Спасовски, и експратеникот Мартин Костовски – сѐ уште немаат одговорено на новинарските прашања за нивните претходни јавни изјави со кои, според одбраната, придонеле за неговата стигматизација. Skopje1