Премиерот Христијан Мицкоски во репликата на изјавата на заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански.
Јасна порака од ЕУ за неприкосновеноста на идентитетотЕврокомесарката за проширување, Марта Кос, од Скопје упати јасна и силна порака во одбрана на македонскиот идентитет, потенцирајќи дека тој не смее да стане предмет на политички преговори.
За Европската Комисија ситуацијата е јасна, доколку Северна Македонија ги исполни заложбите и го промени Уставот, што секако дека не е лесно, тогаш ќе започнеме веднаш со меѓувладината конфернција без било какви дополнителни политички условувања, порача Еврокомесарката Марта Кос, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, за барањата од Софија, освен уставни измени, да се усвојат и протоколите.