Пуштена е во употреба делницата Фариш - Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување.
Интегрален текст од изјава за медиуми на Миле Талески, пратеник на СДСМ: Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско.
Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на функционерот на СДСММ, Миле Талески: „Кога СДСМ ќе излезе пред камера и ќе збори за изградба и пуштање во употреба на патишта, прва асоцијација што на народот му текнува е зурли, тапани, чочек.
Пуштањето во употреба на патиштата не е за чочек, туку за работа, порача владејачката партија.