Премиерот на Косово, Албин Курти денес од Скопје изјави дека земјите од регионот делат заеднички интерес и аспирации за влез во Европската Унија.
Курти во изјава за новинарите пред почетокот на состанокот на лидерите од Западен Балкан со претставниците од ЕУ, дека Македонија како и другите балкански земји, се стреми да стане членка на ЕУ. „Задоволен сум што доаѓам во Скопје, главен град на земја-членка на НАТО и земја која, заедно со сите други балкански држави, се стреми да влезе во Европската Унија“, вели косовскиот премиер, потсетувајќи дека овој состанок требаше да се одржи во март, но беше одложен поради трагедијата во Кочани.