Вчера во 19.00 часот во Полициската станица Демир Хисар е пријавено дека на место викано ,,Вис“, во атар на с.Единаковци, општина Демир Хисар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со битолски таблици, управувано од 24-годишниот С.В. од с.Бараково, демирхисарско и мотоцикл со демирхисарски таблички, управуван од 17-годишник од Демир Хисар, информира МВР.
Од 19:10 час. има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305Д.Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, велат од АМСМ.