Премиерот Христијан Мицкоски беше кристално јасен, нашиот идентитет се нашиот јазик, нашата историја и нашата многувековна култура градена низ комплексни, тешки времиња која е најголемото богатство што го имаме како држава, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во врска со вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Комесарката за проширување Марта Кос на денешната прес конференција нагласи дека не може да ни даде никакви гаранции дека дури и да ги внесеме Бугарите во Уставот.
Премиерот Христијан Мицкоски во репликата на изјавата на заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански.
Јасна порака од ЕУ за неприкосновеноста на идентитетотЕврокомесарката за проширување, Марта Кос, од Скопје упати јасна и силна порака во одбрана на македонскиот идентитет, потенцирајќи дека тој не смее да стане предмет на политички преговори.