„Стапувањето во функција на системот „One Stop Shop” на граничниот премин Табановце претставува значаен чекор напред, кој го олеснува преминот на границата, особено за нашата дијаспора што се враќа за време на летната сезона“, соопштија од ВЛЕН.
На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола.
One Stop системот на гранична контрола ќе го намали чекањето и ќе го олесни движењето на патници и стокиOne Stop системот на гранична контрола официјално започна со примена на граничниот премин Табановце – Прешево, со што се овозможува побрз транспорт на патници, зголемена трговија и олеснета комуникација меѓу Македонија и Србија.
Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска на граничниот премин Табановце – Прешево го промовираа почетокот на One Stop системот на заеднички контроли на граничниот премин со што се овозможува побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.