Доколку државата не обезбеди еден милион евра за кофинансирање, во сериозна опасност е да пропадне проектот за дигитализација на Јавното обвинителство, вреден шест милиони евра и финансиран од Европската Унија преку ИПА 3 програмата.
Републичкиот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска од страна на пратениците на собраниската Комисија за фианансирање и буџет, побара од ребалaнсот на Буџетот да се издвојат пари за вештачењата на предметите Онкологија и Пулс, како и за дигитализација на оваа институција, продолжување на лиценците за софтверите и за исплата на додоатоци за вработените, кои, рече, согласно Колективниот договор им следуваат.