Написот од 1928. натаму нагласува дека методите на дејствување на Македонците се радикални и подрастични од другите сепаратистички пројави во Кралството СХС, со „сестрана пропаганда и политичка организација од најшироки размери“, но дека сѐ тоа е реакција на акцијата (конкретно, од страна на српските власти) да го запрат „националното воскресение на Македонија и македонскиот народ“… Бидејќи: „Проблемот околу политичката и националната предодреденост во Македонија не ќе се разреши ниту со најстрашните полициски мерки, ни со затворање новинари, ни со прогонување на месното население и напоредна внатрешна колонизација, ниту со менување на презимињата со наставката ‘-иќ’ (-ић), ни со политичката борба меѓу партиите за што повеќе приврзаници и злоупотребите потоа… Се знае дека Македонците прецизно го поставуваат своето политичко барање во однос на Македонија, а на прво место, тоа е – да се признае нивната национална посебност.“ Токму затоа авторот смета дека „прашањето за Македонија е голем национален проблем“, којшто е во спрега со административното уредување на државата. Brif