Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ на институциите при гаснење пожари.
Ангелов денеска, на воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Панче Тошковски и Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други функционери, ја промовираше новата опрема на Дирекцијата. Vecer
„За првпат имаме неспоредливо повеќе ресурси за борба против шумските и пожарите на отворен простор.
Овие возила ќе бидат во рамките на Дирекцијата за заштита и спасување и тие веќе се регистрирани на име на ДЗС“,рече Ангелов на денешната промоција на возилата. Libertas
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со пожарите, благодарение на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Press24